Загинале тројца македонски државјани во Газа? – Османи нема потврда!

t

На прес конференцијата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи беше презентиран извештајот за досегашните државни напори да се извлечат македонските државјани кои се наоѓаат во воените подрачја во Газа и Израел. Османи на новинарско прашање рече дека нема информација за тројца загинати македонски државјани во Газа, како што соопшти Еврејската заедница во Македонија.

Османи сподели информација дека има само една брачна двојка заглавена во Појасот Газа, која се нашла на па непосредно пред затворање на преминот, по што останала во блокираниот дел.

– Тие во моментот се безбедни. Ситуацијата таму е многу променлива, и тие можеме да сметаме дека се во некаков ризик. Работиме и со властите во Египет, за да ги ослободат да излезат, а потоа ќе организираме превоз од Египет. Меѓутоа, засега немаме начин како да ги извлечеме од Газа, објасни Османи.

Инаку, досега , како што рече Османи, се контактирани 150 наши граѓани од Израел, од кои 60 веќе се вратени, додека останатите 90 би требало да пристигнат утре.

-Нашиот фокус беше да ги донесеме на аеродромот во Тел Авив, да ги извлечеме од таму. Од нив, пет пристигнаа вечерва во Атина, нашата амбасада им обезбеди места во комуникација со грчките власти. Тие беа примени од нашата амбасада во Атина и оттаму преку Солун пристигнаа во земјава. Утрово уште 17 пристигнаа во Атина и во моментов доаѓаат во Солун, од каде ги чекаме на нашата граница“, рече Османи.

Досега вратените граѓани се преку Јордан, Албанија, Турција, Црна Гора и Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ЈА ЗАГРОЗУВААТ ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО…

Последниот пресек на состојбата во македонската индустрија…

30 дена кризна состојба во Крива Паланка:…

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски,…

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА НА…

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…

Песков се согласува со Трамп: Украина веќе…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше…

Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се…

Цените на нафтата се намалија денеска откако…