ЗАГИНА ДЕДО МРАЗ: Новогодишна прослава во Русија заврши со страшна трагедија пред очите на децата..
Новогодишна прослава се претвори во ужасна трагедија во рускиот град Чељабинск кога маж облечен како Дедо Мраз се лизна од зграда од 24 ката и падна во смрт.
Неверојатна снимка покажува како професионалниот алпинист се качува на балконот и се обидува да се спушти по зградата со јажиња за да ги поздрави децата што го чекаа на прославата, пред акробацијата да тргне погрешно и да заврши со трагедија.
Човекот облечен како Дедо Мраз се гледа осветлен со рефлектор додека го губи стисокот и паѓа од околу 70 метри во смрт.
Несреќниот Дедо Мраз бил искусен алпинист, но извештаите велат дека ги измешал безбедносните јажиња што резултирало со ужасен пад.
Тој паѓа на градба покриена со снег, еден кат над нивото на земјата, што значеше дека децата собрани на новогодишната забава, не го видоа неговото тело.
Гледачите првично мислеле дека падот е дел од претставата и веднаш не ја разбраа трагедијата што ја доживеал несреќниот Дедо Мраз.
– Сите се забавуваа и никој не можеше да помисли дека ова ќе се случи. До последен момент мислев дека тоа е некаква кукла, дека е шега. Но, потоа сфативме дека се случи трагедија – вели еден од очевидците на трагичниот настан во Чељабинск, пренесува Дејли мејл.
Компанијата за управување со станови што го организирала настанот се извини за инцидентот и појаснувајќи дека алпинистот бил „искусен специјалист“.
„Денешниот празник се претвори во монструозна несреќа. Искусниот алпинист облечен како Дедо Мраз падна додека се спушташе од зградата и почина. Тоа беше страшен и целосно непредвидлив инцидент. Ќе направиме сѐ што е во наша моќ за да и помогнеме на полицијата во истрагата и никогаш да не дозволиме ова да се повтори“.
Руската агенција РИА објави дека загинатиот алпинист облечен како Дедо Мраз бил на 48-годишна возраст и дека обвинителството ги утврдува сите околности за трагичната несреќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Свети Иларион Мегленски
Роден е од угледни и побожни родители.…
Носете си чадор: И денес дожд со…
Облачно со повремени врнежи од дожд кои…
ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…
ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…
САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…
Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…