Загина скопјанец кој со камион се забил во заштитна ограда на патот Демир Капија-Гевгелија
Педесет и четиригодишен маж загина откако возејќи камион изгубил контрола и се забил во заштитна ограда на патот Демир Капија-Гевгелија.
„Вчера во 18.40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после првиот тунел кај Демир Капија, товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(54) од с.Инџиково, скопско, удрило во заштитна ограда. На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино“, информираат од МВР.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…
Пет дена боледување од матичен – Нови…
Од 1 декември се менуваат правилата за…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…