Загина тракторист од Муртино откако врз него паднала железна шипка

t

Загина Ж.Ј.(63) од село Муртино, струмичко, додека извршувал земјоделски работи со трактор во нива во место викано „Врловарник“.

На 04.10.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека Ж.Ј.(63) од село Муртино, струмичко, додека извршувал земјоделски работи со трактор во нива во место викано „Врловарник“, атар на село Муртино, со тракторот зафатил железна шипка од оранжеријата, која паднала и го повредила. Од здобиените повреди Ж.Ј. починал, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Струмица. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Експлозија во стан во Аеродром!

На 09.11.2026 во 04:50 часот во СВР…

Арсовски нов директор на МКЦ, Шаќири станува…

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски е…

На ГАК годишно се раѓаат од 600…

Ноември е месец посветен на предвремено родените…

Отворени шалтерите на АЛТА банка АД Битола…

Од денеска се отворени шалтерите на АЛТА…

ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ЈА ЗАГРОЗУВААТ ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО…

Последниот пресек на состојбата во македонската индустрија…