Загриженост во САД – Иран објави: Способни сме да направиме нуклеарна бомба!
Иран технички е способен да направи нуклеарна бомба, но сè уште не е одлучено дали ќе биде направена, изјави Камал Харази, висок советник на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Харази ова го изјави во интервју за катарската телевизија Ал Џезира, еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден ја заврши четиридневната посета на Израел и Саудиска Арабија, за време на која вети дека „ќе го спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје”, пренесува ТВ Франс 24.
Аналитичарите велат дека зборовите на Харази би можеле да се протолкуваат како ретка потврда дека Иран би можел да има интерес да развие нуклеарно оружје, нешто што Техеран долго време го негира.
„За само неколку дена успеавме да збогатиме ураниум до 60 проценти и лесно можеме да произведеме ураниум збогатен 90 проценти. Иран има технички средства за производство на нуклеарна бомба, но Иран не донесе одлука да ја направи“, рече Харази.
Во Иран, ураниумот долго време се збогатува до 60 отсто, што е далеку над границата од 3,67 отсто дозволена со одредбите од нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили постигнат во 2015 година.
Ураниум кој е збогатен до 90 проценти е погоден за правење нуклеарна бомба.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…
Храната поскапи за 128% – Иранската валута…
Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…
Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени…
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…
Трамп демантира дека му понудил на Иран…
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги отфрли…