Загрижувачки тренд – “Се топат” девизните резерви на Македонија: Само во мај намалување за околу 60 милиони евра!

t

Не запира трендот на пад на девизните резрви на земјава.

Народна банка на Македонија излезе со најнов подток за мај, кој говори дека на крајот на петтиот месец од годинва девизните резерви изнесувале 3,18 милијарди евра.

Во однос на април кога нивото на девизните резерви беше 3,24 милијарди евра, мајските бројки говорат за ново намалување од околу 60 милиони евра.

Или, во однос на почетокот на годинава, девизните резерви се стопени за околу 460 милиони евра, е заклучокот кој може да се извлече од табелите на централната банка.
„На крајот на мај 2022 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 3.183,4 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност, со 73,2 отсто, по што следуваат валутите и депозитите, со 14,8 проценти и монетарното злато со 12 отсто.

Во април, пак, месечниот пад на девизните резерви изнесуваше 33 милиони евра.

Затоа, пак, многу позначајно било мартовското „топење“ на државните девизи, и тоа изнесувало дури 110 милиони евра. Девизните резерви се намалиле и во февруари, и тоа за 83 милиони евра. Најголем, пак, бил минусот што за еден месец го доживеале девизните резерви во јануари годинава, и тоа за дури 178 милиони евра.

Инаку, треба да се спомене дека во јуни лани, девизните резерви беа највисоки, и тоа 4,03 милијарди евра, а потоа стартуваше еден тренд на намалување, кој никако да запре, за сега државните девизи да се сведат на 3,18 милијарди евра.

Фактор неодамна ја праша Народна банка на Македонија зошто девизните резерви на државата се намалуваат континуирано од месец во месец

Од НБМ беа децидни дека девизните резерви се на соодветно ниво за одбрана на курсот на денарот, а причината за нивното намалување е увозот на поскапите енергенси.

„Промените во девизните резерви од почетокот на годината главно се одраз на поголемите потреби на компаниите за девизи заради повисокиот увоз на енергенси, а во услови на значаен раст на светските цени на овие производи. Во текот на април и мај овие притисоци значително се намалија, воедно се забележува и сезонски поголема понуда на девизи и девизниот пазар е стабилен“, потенцираат од централната банка.

Од монетарната власт за Фактор тврдат дека девизните резерви на земјава без дилема се на соодветно ниво за одржување на стабилен курс на денарот. 

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Португалска компанија пронајде 10 милијарди барели нафта…

Португалската нафтена компанија Галп Енергија во неделата…

ЕУ не успева да ги оданочува супербогатите:…

Владите на Европската Унија годишно губат 286,5…

Рекордна цена на златото

Златото на крајот на неделата достигна 2.417…

Најчевска: Почнаа наддавањата на големите партии кој…

Професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук пишува дека…

Хрватска има еден милион пензионери, се намалува…

Податоците од пописот за 2021 година покажаа…