(Видео) „Заев бар го имаше на сликите“ – Мицкоски до Ковачевски

t

„Четири години се позади нас, почна и петтата година по ред и покрај сите отстапки, покрај сите кнедли кои Македонија ги проголта ние сме надвор од портите на Европската Унија. Спорот со Бугарија чиј што создавач е заевизмот е непромислива пречка за оваа влада. Главната активност на Ковачевски изминатиов период е сликање со Петков и состаноците со Заев. За ова последново не ни треба докази, се гледа од политиките на Ковачевски, сите тие политики се практично лице и опачина на една иста политика која што беше убедливо поразена на два пати на локалните избори, позната во јавноста како заевизам. Но, што е разликата помеѓу Ковачевски и Заев, тоа што Ковачевски го гледаме исто како Заев дека се слика, но барем Заев го имаше на слики, овој гледам дека го отстрануваат од сликите. Но да бидеме сериозни тоа е најмалиот проблем“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски на денешниот регионален отчет во Охрид насловен „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека работата што оваа власт одбива консензус за најважното прашање кое во моментов ја засега Македонија. Таа подадена рака за секој државник и премиер, особено кога тоа доаѓа од опозицијата, како што го направи ВМРО-ДПМНЕ би била прифатена затоа што тоа е одговорно однесување и би било засилување на аргументите во преговорите со источниот сосед.

„Одбивањето само говори тоа дека на повидок е многу поопширно решение од само промена на Уставот во која што требало да биде вклучено бугарското малцинство во Македонија. Поопширното решение подразбира навлегување во историјата и македонскиот јазик со што директно се задира македонскиот идентитет. Што би значело газење по македонскиот идентитет. Такво идентитетско обезличување ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати, ниту сега, ниту во иднина, но во исто време сакам да се знае дека потребна е широка поддршка од сите интелектуални и општествени групи, нивна мобилизација и гласност на секој поединец за да не се дозволи решение со кое подоцна треба да се живее. Јасно им е дека во Парламентот немаат 80 пратеници, и единственото нешто што ќе им остане на располагање е целокупните барања опфатени со Декларацијата на бугарскиот Парламент да бидат дел од преговарачката рамка. Тоа е она кое што го преговара денеска Ковачевски од името на Зоран Заев и тоа е оној заевизам, кој што ние го зборуваме кој што не исчезна, присутен е неговиот дух затоа што според политиките на Ковачевски тоа можеме да го видиме и во јавноста и во преговорите со Петков“, појасни Мицкоски

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е носечкиот столб, и ако прашањето е што ќе направи ВМРО-ДПМНЕ за да се спречи лошо решение, одговорот е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што има на располагање за да го спречи и да се спротивстави на ова решение кое што Ковачевски е подготвен да го потпише и да не го донесе при тоа на увид на јавноста.

„Но внимавајте, ако го потпише и ако го прифати и стане дел од преговарачкиот процес назад нема. Тогаш или ќе се бугаризираме и ќе бидеме дел од ЕУ, или ќе преговараме до бесконечност. Затоа е многу важно, многу важно ВМРО-ДПМНЕ денеска да обезбеди општествена поддршка од македонскиот народ и од граѓаните во Македонија. Заедно да излеземе со се што е потребно да го спречиме заевизмот преку Ковачевски да го прифати ова решение и ова да влезе во преговарачката рамка. Повторувам, потоа ќе биде доцна. Потоа за бадијала ќе бидат прашањата на инсталациите и за бадијала ќе биде се. Сега е вистинскиот момент кога треба сите ние да застанеме и да се спротивставиме на ова предавничко решение кое што го подготвен Ковачевски да го потпише. Затоа што таква е инструкцијата на Зоран Заев. Такво е писмото кое што му го оставил при примопредавањето на црвените дебели килими и додека седеа фино залежани во дебелите кожни фотелји“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не е против решение, ВМРО-ДПМНЕ е за решение. Бара гаранции Петков, бара гаранции и ВМРО-ДПМНЕ. Бара гаранции ВМРО-ДПМНЕ за многувековната историја на македонскиот народ, како посебен народ и различен од останатите словенски народи. Бара гаранции за неговата традиција, бара гаранции за неговите обичаи, бара гаранции за културата, бара гаранции за македонскиот јазик.

„И конечно бараме гаранции како ВМРО-ДПМНЕ дека никогаш повеќе никој додека не станеме полноправно членка на ЕУ каде што му е местото на овој народ и каде што и е местото на Македонија дека никој понатаму поради субјективни причини нема да не опструира. Тоа се условите, да седнеме на маса, да постигнеме национален консензус и да продолжиме да преговараме. За бадијала ни е се, ако го изгубиме она кое што сме го наследиле од нашите предци, а кои што со глава, крв и живот го платиле тоа што ние денеска го живееме. Затоа од овде од Охрид упатувам порака и барам општествена поддршка да не дозволиме Владата на Османи и Ковачевски, да го направи ова предавство. Ни треба народ, ни треба масовност, да излеземе и да се бориме против сето ова“, порача Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

(Фото) Инцидент: Насилници од ДПМНЕ нападнаа доставувач на храна

Насилници нападнаа доставувач на храна за време…

(Видео) НОВА БОМБА НА ФУРКАН САЛИУ! Втор…

Новинарот Фуркан Салиу денеска објави втор дел…

Петров: Неприфатливо е МТВ да биде партиска…

ДПМНЕ лиферуваат лажни анкети, коишто со документи…

Ковачевски: Европска Македонија ќе биде реалност! Нема…

Победата почнува тука, денеска, победата почнува со…