Заев рамо до рамо со Ковачевски на координативен состанок во седиштето на СДСМ
Екс лидерот на СДСМ и екс премиер Зоран Заев вечерва е на состанок во својата матична партија на Бихаќка. Седнат на маса веднаш до актуелниот премиер Димитар Ковачевски, а во друштво со министерот за внтарешни работи Оливер Спасовски, генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ и други високи партиски членови, Зоран Заев е дел од, како што објави Ковачевски „координативниот состанок на стратешкиот тим“.
Фотографиите се поткрепени со статусот на премиерот Ковачевски на фејсбук во кој се вели :
,,СДСМ има долгогодишно државничко и партиско искуство, посветеност и полна енергија да продолжи со победа и брз чекор по европскиот пат. Денешниот координативен состанок на стратешкиот тим е во оваа насока – да направиме сè, да овозможиме целосен државен и национален консензус за исполнување на определбата на огромното мнозинство граѓани, да станеме полноправна европска држава до 2030г. Европскиот пат и полноправното членство во ЕУ е највисок државен и национален, македонски приоритет. Ова е клучен момент, се работи за сегашноста, стабилноста и извесната иднина на сите наши граѓани, за иднината на денешните и идните генерации. Граѓаните заслужуваат европски квалитет на живот и европски животен стандард, во европска држава, а тоа да биде нивната родна земја, нивната татковина’’, напиша Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…
Малку требаше за Мицкоски да си ги…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…