Заев рамо до рамо со Ковачевски на координативен состанок во седиштето на СДСМ

t

Екс лидерот на СДСМ и екс премиер Зоран Заев вечерва е на состанок во својата матична партија на Бихаќка. Седнат на маса веднаш до актуелниот  премиер Димитар Ковачевски, а во друштво со министерот за внтарешни работи Оливер Спасовски, генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ и други високи партиски членови, Зоран Заев е дел од, како што објави Ковачевски  „координативниот состанок на стратешкиот тим“.

Фотографиите се поткрепени со статусот на премиерот Ковачевски на фејсбук во кој се вели :

,,СДСМ има долгогодишно државничко и партиско искуство, посветеност и полна енергија да продолжи со победа и брз чекор по европскиот пат. Денешниот координативен состанок на стратешкиот тим е во оваа насока – да направиме сè, да овозможиме целосен државен и национален консензус за исполнување на определбата на огромното мнозинство граѓани, да станеме полноправна европска држава до 2030г. Европскиот пат и полноправното членство во ЕУ е највисок државен и национален, македонски приоритет. Ова е клучен момент, се работи за сегашноста, стабилноста и извесната иднина на сите наши граѓани, за иднината на денешните и идните генерации. Граѓаните заслужуваат европски квалитет на живот и европски животен стандард, во европска држава, а тоа да биде нивната родна земја, нивната татковина’’, напиша Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…