Заев: Со Ковачевски се спасивме од криза, со Пендаровски одиме во ЕУ

t

„Пред 7 години донесовме слобода. Успеавме да ја ослободиме нашата држава од канџите на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски“, порачува поранешниот премиер Зоран Заев во поддршката за Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски.

– Успеавме да ги вратиме добрососедските односи, станавме членка на НАТО и после 11 долги години успеавме да ја вратиме нашата држава на европскиот пат. Предводени од Димитар Ковачевски, успешно се справивме со глобалната економска и енергетска криза, со последиците од војните во Украина и Газа и со многуте блокади на ДПМНЕ во парламентот. Продолживме силно да чекориме по европскиот пат, вели Заев во видео објавата на СДСМ на нивниот официјален профил на Фејсбук.

Сега, додава Заев, заедно со претседателот Стево Пендаровски покажуваме на дело што значи храброст и вистинско лидерство, вистински план и визија.

– Ако се грижите за својата иднина, иднината на вашите деца, ако се грижите за вашата татковина, тогаш единствениот избор се СДСМ и Коалицијата за европска иднина. Бројот 1 е секогаш пред останатите, како што еден и единствен е заветот за нашата татковина. Ние никогаш не се откажавме. На 24-ти април и на 8-ми мај, нема откажување од иднината. Гласаме сите за европска иднина, порачува Заев во објавата на СДСМ на Фејсбук.

Во пораката, се забележува, отсуствува реториката на Заев за „братството и единството“ со ДУИ и Али Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ: 20 години од големото проширување на…

„Денес ЕУ го прославува 20-годишниот јубилеј на…

Повеќе од два милиони несреќи при работа…

Во 2021 година, ЕУ забележа повеќе од…

Силјановска: Ние ја прифаќаме преговарачката рамка со…

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана…

Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата…

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше…

Вучиќ: Остануваме на европскиот пат за да…

Српскиот претседател Александар Вучиќ по враќањето од…