Заев ја вулгapизираше политиката во Македонија со воaјерската кампања и ниски страсти
Коментирајќи ја пресудата за несреќата која ја предизвика затвореникот Горан Милевски Кичеец осуден во случајот „Рекет“ на автопатот Охрид – Скопје, уредникот на Инфомакс, Александар Митовски ја постави дилемата дали можеби осуденикот имал снимени разговори за судијата или обвинителот со огле на смешната пресуда која ја доби тој.
Инаку Кичеец за несреќата во која уби човек доби 6 месеци затвор и парична казна од три илјади евра.
Процената на обвинителот Арсим Адеми дека Зоран Милевски Кичеец усмртил човек во сообраќајка од небрежност, го спаси од долги години затвор. Наместо над 4 години затвор за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, со процената од Основното јавно обвинителство Гостивар дека сообраќајката со жртва е сторена од небрежност, казната според Кривичниот закон е парична или затвор до една година.
Во однос на снимените разговори за кој е сосема сигурно дека Кичеец ги поседува, Митовски истакна дека ваквиот начин на делување во политиката го наметна Заев со бомбите во 2015-та година и кампањата „Вистината за Македонија“, кампања во која не понуди никакви решенија за проблемите на граѓаните туку ниски страсти.
-Овој начин на делување во политиката го наметна Заев, односно ја вулгаризираше во перидот 2015- 2016-та година со оние воајерски политички кампањи со снимки во кои се објавуваа приватни разговори на политичари од спротивниот табор, на тој начин се обидуваа не преку проекти и кампања туку со ниски страсти се обидуваа да ја свртат волјата на граѓаните во нивна корист и тоа остана да биде пракса во водење на политиката во државата, истакна тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и…
Оние кои и ги направија најголемите предавства,…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…