Закажани протести на плоштадите низ цела Македонија!
Здружението „Кој е следен“ повика на протести денеска во 18 часот, на плоштадите низ триторијата на целата држава поради жртвите од пожарот во дискотеката која нелегално работела.
Од „Кој е следен“ велат дека во овие траорни денови, Македoнија повторно треба да биде заедно и да си даде утеха.
„Ги повикуваме сите луѓе низ цела Македонија, утре во 18 часот да се соберат на плоштадите во своите градови и да не поминуваат низ овва сами. Повикуваме во чест на починатите да се поделат црни ленти, за како народ да покажеме дека згаснатите животи нема да бидат заборавени“, рекоа вчера од здружението.
Се додава и дека локацијата за Скопје е одреден на Градскиот плоштад за да не се блокираат улици по кои се превезуваат повредените од трагедијата.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 59 млади луѓе, меѓу кои и седум членови на ДНК бендот и полицаец којшто бил на должност. Повредени се над 100 луѓе кои се хоспитализирани во Македонија, Бугарија, Србија, Турција, Грција, Хрватска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инвестицијата е вредна 1,5 милиони евра: Киел…
„Киел Македонија“, која е дел од германската…
Драматичен апел на Зеленски: Го забавија „Старшилд“,…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Савески за Алта банка: Секоја кривична пријава…
Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична…
Сведок: Обвинетите полицајци од Пробиштип биле испратени…
Полициските службеници Мартин Арсовски и Дарко Милошевски…
Со јајца и зеленчук гаѓан автомобилот на…
Посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула…