Објавено на:

Закани по животот на Абазовиќ: “Чувај се од снајпери”

t

На социјалната мрежа „Тик-Ток“ е констатирана закана упатена до претседателот на црногорската влада во технички мандат, Дритан Абазовиќ, „чувај се од снајперисти“.

Пазете се од снајперисти, Дритан“, е објавената пораката на оваа социјална мрежа по вчерашното апсење на поранешниот директор на Полициската управа на Црна Гора, Веселин Вељовиќ, пишува Танјуг на весникот „Дан“.

Подгоричкиот портал Дан потсетува дека Абазовиќ претходно, откако добил една закана, изјавил дека тоа е само една во низа, бидејќи доколку секоја закана ја пријавил на СДТ, немало да можат да се справат со ништо друго.

Порталот потсетува дека Зоран Микиќ, извршниот директор на УРА ГП, на вонредна прес-конференција изјави дека Дритан Абазовиќ добил сериозни смртни закани. Но, како што беше најавено тогаш, полициската управа на Црна Гора нема информации дека на Абазовиќ му се заканува шеф на криминален клан во регионот, но ќе бидат преземени опсежни мерки за истрага и утврдување на тоа.

Една од претходните закани беше: „Ќе го паметите 18 јули за Петар Лазовиќ, се колнам во Бога“. Пораката е испратена преку лажни профили на социјалните мрежи и стигнала во инбокс на премиерот на Црна Гора по апсењето на службеникот на Агенцијата за национална безбедност Петар Лазовиќ.

Споменатата порака е испратена преку лажниот Инстаграм профил aki_bos s777 на 19 јули, еден ден по апсењето на Лазовиќ по наредба на Специјалното државно обвинителство, кое го сомничи дека извршил пет кривични дела, како член на транснационалната криминална организација „Кавачки клан“.

Абазовиќ побара од АНБ безбедносна проценка по заканите. Бројни функционери на Владата и на политичките партии ги осудија заканите кон премиерот барајќи да реагираат надлежните државни органи, потсетува Дан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Абазовиќ со порака до Србија и Косово:…

Црногорскиот премиер, Дритан Абазовиќ, убиството на косовскиот…

Абазовиќ ги повика граѓаните на одговорност и…

Претседателот на црногорската Влада Дритан Абазовиќ стравува…

Премиерите на Црна Гора и Албанија едногласни:…

Премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан…

Абазовиќ ја прифати поканата на Зеленски да…

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ ја прифати поканата…

Абазовиќ најави посета на Србија на 29…

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ најави дека официјално…