ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА ВО ДОМОТ НА ГОЛМАНОТ НА ПСЖ – Донарума и неговата девојка соблечени голи, а тоа што го направиле потоа крадците е шокантно!
Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума и неговата партнерка станаа плен на грабеж во нивниот стан во Париз. Европскиот шампион со тимот на Италија и неговата придружничка биле врзани од разбојниците, кои потоа зеле 500.000 евра. Француските медиуми известуваат дека биле приморани од разбојниците да се соблечат голи.
Голманот на Пари Сен Жермен и неговата девојка потоа успеале да се ослободат, среде ноќ и се упатиле во луксузен хотел недалеку од нивниот дом. Персоналот на хотелот бил тој што ја алармирал полицијата.
Дваесет и четиригодишниот Италијанец и неговата партнерка се испратени на лекување во болница поради претрпен шок, а започната е истрага за откривање на сторителите и нивно апсење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина…
Цената на електричната енергија за домаќинствата во…
Во Албанија нема веќе средна класа –…
Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…
Пукање во Ѓорче Петров – нападнат 23-годишник
На 10.11.2026 околу 05:30 часот во СВР…
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…
Над 136 илјади туристи ја посетиле Македонија…
Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава…