Замената на сообраќајните со „северна“ ќе биде бесплатна, МВР ќе предложи укинување на административната такса
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно Решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, возачките дозволи и сообраќајните дозволи со името “Република Македонија” кои се уште се важечки, се заменуваат во редовна постапка со нови со името „Република Северна Македонија” и притоа на граѓаните не им се наплаќа цената пропишана за тие обрасци, до 31 декември 2024 година. Но, за истите документи пропишанa е административнa таксa која се наплатува, согласно Законот за административните такси кој се уште нема претрпено измени во тој дел. МВР ќе предложи измена на законот, се со цел и административната такса да не се наплаќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…
Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…
МВР најави зголемена употреба на дронови за…
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…
МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…
Од МВР информираат дека е поднесена кривична…
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…
Голема полициска акција: Претреси на над 40…
Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…