Замрзнувањето на цените покажува дека се грижиме за граѓаните, вели Битиќи

t

Замрзнувањето на цените, иако непопуларна мерка, но многу битна за граѓаните на нашата држава, е дополнителен показател дека ние вистински се грижиме за сите и во кризни периоди, смета вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој објасни зошто се воведе оваа мерка..

Ограничувањето на цените на одредени основни продукти следуваше откако ние како Влада џентлменски се договоривме со индустријата за производство на храна, дека тие ќе можат да користат електрична енергија со цена која е близу до онаа на регулираниот пазар за домаќинствата. Но откако по подолг период на користење на овие бенефиции, а можеби уште поважно по подолг период на пад на цените на другите инпути освен електричната енергија во оваа индустрија, малопродажните цени на овие продукти останаа исти, односно на нивото од пикот од септември – октомври минатата година, ние како Влада бевме принудени да преземеме поинакви мерки со цел да го заштитиме стандардот на нашите сограѓани, истакнува Битиќи во интервју за „Рацин.мк“

Според него, зачудува фактот што во помалите градови имало производители кои го продаваа лебот дури и под цената која ја одреди Владата, иако се тоа многу помали производствени капацитети со многу помал пазарен потенцијал од оние кои го снабдуваат главниот град.

Логично е кога некој произведува поголеми количини од некој производ, цената по единица производ да е помала отколку кај производителот кој произведува мали количини, што, за жал, кај нас според крајните цени во маркетите не беше случај, вели вицепремиерот.

Во услови на криза, потенцира, Владата е должна да ги преземе сите мерки кои и стојат на располагање со цел да го заштити стандардот на граѓаните, вели Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Месото во ЕУ за една година поскапело…

Во февруари годинава, цената на месото во…

Цените на суровата нафта достигнаа петмесечен максимум

Цените на суровата нафта се зголемија за…

Законот за нефер трговски практики да важи…

Дел од трговците и добавувачите сметаат дека…

Реформа во Грција ги намали цените на…

Потрошувачите во Грција ќе забележат намалувања на…

Паднаа цените на нафтата

На глобалните пазари цените на нафтата паднаа…