Објавено на:

Западно нилска треска се појави и во Бугарија

t

Првиот случај на западнонилска треска оваа година е регистриран денес во Бугарија, објави Националниот центар за заразни и паразитски болести.

Според податоците, претходниот случај на западнонилска треска во Бугарија е регистриран во периодот од јануари 2025 година до 23 август 2025 година.

Инфекцијата е заразна болест која се шири со каснување од заразени комарци, наведува Центарот на својата веб-страница, пренесува БТА.

Повеќето случаи се јавуваат во периодот јули-септември во врска со активноста на живиот вектор – комарецот, при што 80 проценти од заразените лица не покажуваат никакви симптоми. Околу 20 проценти од заразените развиваат Западнонилска треска, која се карактеризира со главоболка, малаксаност, треска, болки во мускулите, повраќање, осип, замор, болка во очите и зголемени лимфни јазли.

Периодот на инкубација е од 3 до 14 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕК очекува сите земји членки на ЕУ…

Европската комисија денеска појасни дека се очекува…

Мерц: „Ќе ѝ покажеме на Русија каде…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека руските…

Хрватска, Унгарија, Бугарија и Грција со вета…

Помина долго време од последното проширување на…

Протестен марш против насилството врз жените денес…

Иницијативата „Ниту една повеќе“ денеска, на Меѓународниот…

Клековски очекува наскоро да добие пристап до…

Министерот за здравство Сашо Клековски очекува наскоро…