Запален автомобил на обвинител: Јавен обвинител изврши увид каде што синоќа биле опожарени два автомобила и една деловна просторија во Куманово
Спроведен е увид од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Куманово на локациите каде што синоќа биле опожарени два автомобила и една деловна просторија.
– Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видео надзор, информираа денеска од Јавното обвинителство.
Од Обвинителството информираат дека еден од автомобилите е сопственост на јавен обвинител.
Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи и од Територијалната противпожарна единица од Куманово, синоќа интервенирале на две возила на улицата „Трст“ и едно возило на улицата „Никола Вапцаров“. Интервенирано е и на пожар на фотокопирница.
Од Демократската унија за интеграција реагираа барајќи веднаш да се истражат случаите и сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата. Од ДУИ оценуваат дека се работи за омраза и меѓуетнички подели и ја повикуваат меѓународната заедница да реагира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…
Имаше 69 години, а веста за неговата…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…
Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…
ЗНАМ не отстапува од својот став околу…
Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…
Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…
Терористот од Краков почина во болница
Михал Оксински, кој уби шест лица во…