Запленети материјали за производство на психотропни супстанци

t

На 15.12.2023 од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога од СВР Скопје до Јавен Обвинител од ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по чл.215 ст.4 од КЗ против Л.В. (59) од Р.Полска,  со престојувалиште во Скопје. Кривичната пријава е поднесена после спроведена истрага од страна на Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со дрога и Единицата за недозволена трговија од СВР Скопје при што беа обезбедени материјални докази дека полскиот државјанин во текот на месец ноември 2023 година, откако пристигнал во Скопје, неовластено набавил супстанции и материјали за кои знаел дека се наменети за производство на психотропни супстанции и прекурзори и тоа 88350 таблети.

Врз основа на Наредба за вештачење од јавен обвинител од ОЈО Скопје од страна на Фрамацевтскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” Скопје е изготвено стручно мислење, согласно кое од запленетите таблети кои во својот состав содржат псеуфоефедрин, а со оглед на големата количина која е запленета, истата може да биде употребена за нелегално производство на најмалку 3545 грама на метамфетамин.

По поднесувањето на кривична пријава од страна на јавен обвинител од ОЈО Скопје, полскиот државјанин е изведен пред Судија на Основен кривичен суд Скопје,  од чија страна е изречена казна условна казна затвор од 2 години и мерка протерување од РСМ и забрана за влез во траење од 8 години.  Исто така, од страна на Судија изречена му е мерка за одземање на таблетите, како и парични средства во износ од 14450 евра и 290.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џафери со честитки за новите припадници на…

Техничкиот премиер Талат Џафери честитајќи им на…

Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за…

Денеска (24.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни…

И денеска можат да се подигнат готови…

Лични документи можат да се подигнат и…

МВР, ЈО и АНБ се комплетно подготвени…

Во врска со претстојните избори денеска во…