Објавено на:

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени тројца дилери

t

„Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите законски овластувања, постапувајќи по наредба на јавен обвинител на 30.06.2025 во 18.30 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица ги лишија од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско.

При преглед на патничко возило „голф“ со фалсификувани регистарски ознаки, управувано од Е.Б., биле пронајдени шест торби со 100 пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот, во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава и ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица“, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затворски полицаец во Струмица фатен при обид…

Затворски полицаец од Струмица е осомничен за…

Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма…

Недостиг од речиси осум тони сув цвет…

Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…

Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…

Затвореник избегал на пауза од судење во…

Затвореник од затворот во Штип во текот…

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и…

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за…