Започна чистењето на депонија спроти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

t

Инспекторатот на Град Скопје заедно со инспекторите од Општина Центар започнаа координирана акција за расчистување на голема депонија на приватен имот, лоцирана на улица Мајка Тереза, спроти Клиничкиот центар.

Станува збор за депонија која е распространета на две парцели и е создавана со децении, а на самата локација има и повеќе диво населени лица-собирачи на отпад. Ваквите диви населби претставуваат потенцијална опасност за загадување на животната средина и здравјето на граѓаните.

На сопствениците на парцелите им е издаден налог за целосно расчистување на депониите од нивните имоти, а доколку не постапат по налогот во утврдениот рок, имотите ќе се исчистат од јавните комунални претпријатија на трошок на сопствениците.

За решавањето со проблемот со лицата кои престојуваат дивата населба, е појава која е присутна повеќе децении и во наредниот период ќе се преземат мерки за нивно институционални згрижување.

Чистењето на сите диви депонии во Скопје е приоритет, со цел превенција од загадување на воздухот, почвата и водите и заштита на здравјето на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

2024 ќе го донесе најголемиот економски крах…

Американскиот финансиски експерт Хари Дент предвидува дека…

Турција стана најголемиот увозник на руски енергенси

Турција стана најголемиот увозник на руски енергенси…

Путин: Русија не се затвора кон Америка…

Русија не се затвора кон Северна Америка…

Град Скопје со експресен одговор: Украсувањето на…

Украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и…

Додик: Правото во БиХ е мртво, странците…

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска…