Заработи ДВЕ милијарди долари и одржа 149 концерти, Тејлор Сфивт ја заврши турнејата
Тејлор Свифт ја заврши турнејата Ерас со рекорди во Ванкувер, Канада, зацврстувајќи го нејзиниот статус на меѓународна музичка мегаѕвезда.
Нејзината светска турнеја, најпрофитабилната во историјата, започна во март 2023 година во Аризона, по што Свифт посети педесет градови, од Буенос Аирес и Токио до Сингапур, одржувајќи вкупно 149 концерти.
Опкружувањето на американската поп-ѕвезда не ја откри висината на приходите од продажбата на билети за концерти, но специјализираниот магазин Полстар ја проценува на повеќе од две милијарди долари, што е многу повеќе од 939 милиони долари што ги заработил Елтон Џон како дел од неговата проштална турнеја по пет години и 328 настапи. Неговата турнеја беше прекината поради пандемијата на коронавирус.
Заедно со заработката од продажба на билети, турнејата Ерас значително економски придонесе за сите градови каде што се одржуваа концертите.
Во Торонто, претпоследната станица на турнејата со шест концерти, локалната канцеларија за туризам процени дека присуството на американската пејачка донело околу 282 милиони канадски долари, или околу 199 милиони американски долари, на економски најголемиот канадски град.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…
Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…
Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…
При редовна проверка на пакет во затворот…
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…
Пет дена боледување од матичен – Нови…
Од 1 декември се менуваат правилата за…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…