Затворени операционите сали во прилепската болница откако почина пациентка: Се чекаат резултати од брисеви за бактериолошка состојба

t

Шест дена се затворени операционите сали на Гинеколошкото, Хируршкото и на Ортопедското одделение во Прилепската болница. Оттаму се земени брисеви и се испитува бактериолошката состојба. Ова го потврдуваат од прилепската градска болница „Борка Талески и од Центарот за јавно здравје од Прилеп. Резултатите од земените брисеви се очекуваат деновиве.

Кети Смилеска, директорка на Прилепската болница објаснува дека сето се случува откако на Скопските клиники почина пациентка од Прилеп која имала компликации ден по извршена киретажа во болницата.

– Во понеделникот 52-годишна прилепчанка имаше киретажа во болницата и беше испратена на домашно лекување. Во вторникот пациентката се вратила во болницата со компликации со зголемена температура. Наредниот ден е испратена на Гинеколошката и на Инфективната клиника во Скопје каде починала. Од четвртокот се затворени операционите сали и се земени брисеви за испитување. До денес салите се затворени и се чекаат конечните резултати, објасни Смилеска.

Драгица Николоска, директорка на Центарот за јавно здравје потврди дека се затворени операционите сали на Гинеколошкото, Хируршкото и на Ортопедското одделение и дека се чекаат резултати од земените брисеви.

– Чекаме резултати од Институтот за јавно здравје и од микробиолошката лабораторија при прилепскиот Центар за јавно здравје. Резултатите ги очекуваме најдоцна до петок, рече Николоска.

Додека не стигнат резултатите од земените брисеви од операционите сали во Прилепската болница, тие ќе останат затворени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бебе од Куманово заврши во болница по…

Четиринаесетмесечно дете од Куманово било хоспитализирано откако…

Малолетник со мотор удрил во 74 годишна…

На 02.06.2026 во 11:00 часот во ОВР…

Хорор во училиште во Ченто: Ученик влегол…

15-годишник е лишен од слобода откако со…

Алиу: 4,56 милијарди денари за целосна трансформација…

Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно…

Поранешна директорка на Битолската болница го оштетила…

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.И.(53)…