Објавено на:

Затоа се држава: Русија ги вметнува хероите од специјалната воена операција во учебниците по историја

t

Хероите од специјалната операција ќе бидат вклучени во учебниците по историја, изјави министерот за образование на Руската Федерација, Сергеј Кравцов.


„Веќе се работи многу, оваа тема ја вклучивме во „Разговори за важното“, рече тој.
Минатата недела Кравцов најави дека делот за специјалната операција во Украина ќе биде додаден во историските книги. Тој појасни дека веќе сега соодветните делови се задолжителни во новите програми на оваа тема. Министерот додаде дека ги потпишал и ги испратил до Министерството за правда.

На крајот на октомври, „разбирањето на причините и последиците од руската специјална воена операција во Украина“ беше вклучено во барањата за предметните резултати за совладување на основниот курс по историја за средношколци.

Учениците од 11-то одделение на часовите „Историја на Русија“ ќе зборуваат за државниот удар во Украина во 2014 година и позицијата на Москва, обединувањето на Крим и Севастопол со Русија и неговите меѓународни последици. Средношколците ќе разговараат со наставниците за Договорите од Минск за Донбас и хуманитарната поддршка за ДНР и ЛНР, како и за воведувањето политички и економски санкции од страна на САД и нивните сојузници против Москва и нивните последици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Путин сака договор за завршување на…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…

Директорот на ЦИА презема поголема улога во…

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека…

Финска заврши со поставување ограда на границата…

Финска, членка на НАТО, заврши со поставување…