Објавено на:

Захарова за Украина: Англосаксонскиот дует создаде уште едно чудовиште

t

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова денеска изјави дека Москва е подготвена на сите заинтересирани страни да им даде детални објаснувања за подготовките на Киев за провокација со употреба на „валкана бомба“.

„Во понеделникот на тоа прашање целосно одговори рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој ја коментираше ситуацијата. Тој посочи одреден интерес на странски експерти и рече дека сме подготвени да воспоставиме соодветен контакт. Сакаме да им ставиме до знаење на сите дека сме подготвени да одговориме на сите прашања и дека ќе ги дадеме потребните одговори“, изјави Захарова за „Први Канал“ и додаде дека Русија повеќепати го повторила овој став, пренесе агенцијата ТАСС.

Како што наведе таа, она што е потребно сега да го направат Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Франција е да ги одложат сите свои планови и да седнат и да ги разгледаат материјалите што Русија ги спомна во телефонските разговори, како и да се анализираат информации во јавен домен.

„Англосаксонскиот дует создаде уште едно чудовиште кое во моментов го турка светот на најопасниот раб“, рече Захарова, пренесе Танјуг.

Таа рече дека континуираното украинско гранатирање на нуклеарната централа Запорожје е директен доказ за нивната „нуклеарна уцена“.

Лавров вчера изјави дека прашањето за ризикот Киев да употреби „валкана бомба“ ќе биде на дневен ред на состанокот на Советот за безбедност на ОН.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја изразил својата загриженост поради „можните провокации на Украина со употреба на валкана бомба“ во телефонски разговори со неговите колеги од Франција и Турција, објави во неделата руското Министерство за одбрана.

Валканите бомби се направени од конвенционални експлозиви, но нивните јадра се опкружени со радиоактивен материјал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…