Захарова иронично до Западот: Кажете кога точно ќе нaпаднеме, за да можеме да си планираме
Иако Западот, особено САД и Велика Британија, со денови инсистираа дека на 15 или 16 јануари ќе започне наводната руска инвазија на Украина, тоа не се случи, а портпаролката на руското МНР Марија Захарова не ја пропушти можноста да го коментира тоа со доза на иронија.
Според Спутник, таа утрово првпат го објавила следниот коментар на нејзиниот канал Телеграм:
„Барање до медиумите на САД и Велика Британија – „Блумберг“, „Њујорк тајмс“ и „Сан“ – да објавува графикон за нашите „инвазии“ за следната година. Би сакале да планираме одмор“.
Во меѓувреме во официјална посета на Москва допатува и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро.
Тој ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а најпрвин во Министерството за одбрана имаше средба со министерот Сергеј Шојгу и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува Спутник.
Захарова објави фотографија на која Лавров и Шојгу се насмеани, со натпис: „Слика: Утро на 16 февруари 2022 година“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…