Захарова: САД и Велика Британија помогнаа во нападот на украинските сили на Севастопол

t

Нападот на Севастопол, во кој беше оштетено седиштето на Црноморската флота, е извршен со помош на специјалци од САД и Велика Британија, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Севастопол повторно беше нападнат на 22 септември и нема ни најмало сомневање дека нападот бил однапред планиран со користење западно разузнавање, сателитска опрема на НАТО, извидувачки авиони и изведен на иницијатива и во тесна соработка со американските и британските разузнавачки служби“, рече таа на брифингот, пренесе „РИА новости“.

Захарова нагласи дека очигледната цел на овој напад и други слични терористички акти е да се оттргне вниманието од неуспешните контраофанзивни обиди на вооружените сили на Украина и да се заплашат луѓето, да се сее паника во руското општество и на крајот да се дестабилизира внатрешнополитичката ситуација во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кремљ не сака ЕУ да биде на…

Москва не гледа никаква конкретна корист од…

Претседателот на Латвија предвидува можна пресвртница во…

Војната на Русија против Украина би можела…

Танкер за нафта експлодира во Ормуската Теснина

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…

Вишеградски бунт: Фицо, Туск, Бабиш и Маѓар…

Премиерите на земјите од Вишеградската група (В4)…

Сериозен сајбер напад се случува на секои…

Сајбер криминалот станува сè поголема закана за…