Објавено на:

Захарова со дрска изјава: Нема да почнеме нуклеарна војна, не не’ мешајте со САД

t

Русија претпоставува дека сценариото според кое Русија би го притиснала нуклеарното копче нема да се реализира под никакви околности, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, во интервју за колумбиското радио „В радио“.

„Поаѓаме од фактот дека ова апокалиптично сценарио нема да се реализира под никаков изговор и под никакви услови“, рече Захарова, на прашањето што ќе зависи од тоа дали Русија ќе го притисне нуклеарното копче.

„Мислам дека нè мешате со некој друг. Кога станува збор за употребата на нуклеарно оружје, ние неколку пати го кажавме нашиот став. Можеби нè мешате со САД, но Русија никогаш не зборувала за тоа“, рече Захарова.


Како одговор на агресивните изјави на Западот, рускиот претседател Владимир Путин му нареди на Министерството за одбрана да ги префрли руските сили за воздржување во режим на специјална борбена должност.


Руските стратешки нуклеарни сили е општото име за главното оружје на трупите и силите во вооружените сили на Руската Федерација, кои имаат стратешко и тактичко ракетно и нуклеарно оружје како главно оружје. Понекогаш се нарекува нуклеарна тријада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…

Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…