Објавено на:

Захарова со коментар за интервјуто на Зеленски: Пеколна мешавина на неонацизам и тероризам со нарко-делериум

t

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, новото интервју на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, го нарече пеколна мешавина на неонацизам и тероризам со нарко делириум.
„Уште едно последователно интервју на Зеленски траеше три часа. Тој веќе воопшто не расудува. Тоа е еден вид пеколна мешавина на неонацизам и тероризам со наркотичен делириум“, напиша Захарова на нејзиниот канал Телеграм.


Според неа, понудата на Зеленски до Доналд Трамп да купи американско оружје од руски средства ги покажува „длабоко вкоренетите корупциски врски на Зеленски со англосаксонците, на кои Бајден цврсто го привлече режимот во Киев“.


Зеленски во неделата даде долго интервју со популарниот американски блогер Лекс Фридман, во кое разговараше за клучните прашања од глобалната и домашната политика. Теми на разговор беа преговорите со Доналд Трамп и Владимир Путин, судбината на замрзнатиот руски имот, идните претседателски избори во Украина, како и неочекуваната покана на Александар Лукашенко во првите денови од конфликтот во Украина.
Тој во таа прилика не ја исклучи можноста на 25 јануари да се одржи средба со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за ставање крај на вооружениот конфликт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…

Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…

Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…

Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…