Захарова со предупредување кон Македонија: Новата „провокација против руски дипломати“ ќе предизвика негативни последици во односите меѓу Русија и Македонија
Протерувањето на шестмина руски дипломати од Македонија негативно ќе се одрази на односите меѓу двете земји, соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Реакцијата доаѓа откако македонските власти решија да прогласат за непожелни уште шестмина руски дипломатски претставници од земајва.
„Властите на Македонија продолжуваат да ја следат русофобијата на Западот и ја уништуваат спиралата на билатералните односи“, се вели во соопштението на руското МНР, кое го пренесе државната новинска агенција ТАСС.
Во соопштението, се наведува и дека новата „провокација против руски дипломати“ секако ќе предизвика негативни последици во односите меѓу Русија и Македонија.
Захарова додава дека Русија ќе преземе реципрочни мерки кон Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…