Зајкова ќе предложи забрана на ТикТок и останати социјални мрежи кои поттикнуваат насилство

t

Претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова ќе достави предлог до Владата за забрана на „Тик-ток“ како и останатите социјални мрежи кои поттикнуваат насилство. Таа на 16-тиот Конгрес на Либерално-демократската младина информира дека како партија имаат има низа предлози.

-Забрана и контрола на симнување на игри, содржини и апликации кои експлицитно покажуваат и поттикнуваат насилство. Исто така, преглед и контрола на филмови кои можат особено кај помладите луѓе да поттикнат насилство, манипулативно да бидат употребени во пропагандистички цели со величење на насилството, рече меѓу другото Зајкова.

Лидерката на ЛДП бара и најостра контрола на издавањето и поседувањето на огнено оружје, проверка кој се поседува оружје, контрола и забрана малолетни лица да вежбаат во стрелишта и казни за родителите кои ги мотивираат децата да ракуваат со вакви убиствени направи.

-Министерство за правда да ја разгледа состојбата и предложи заострување на казнената политика со намалување на возраста за кривична одговорност согласно европското законодавство и практики, како и поголема контрола во училиштата и ангажирање на психолози и педагози за превенирање на булингот во образовниот процес, укажа Зајкова.

Во своето обраќање на Конгресот, пратеничката изрази најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на убиените лица и ги осудам крвавите масакри во Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за…

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека…

(Хит Видео) Вучиќ на ТикТок објави разговор…

На социјалната мрежа веќе го следеа повеќе…

Дебела казна за ТикТок: Не успеал да…

Европски регулатор ја казни платформата ТикТок со…

(Видео) Се враќаме во моронскиот Рибникар –…

На социјалната мрежа „тикток“ деновиве се појави…

Зајкова ќе предложи забрана на ТикТок и…

Претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова…