За два денa, двапати среде бел ден, запалена беше трска на струшкото крајбрежје!

t

За два денa, двапати среде бел ден, запалена беше трска на струшкото крајбрежје, но сторителите за полицијата се уште не се познати. Еднаш пред угостителски објект, а во вториот случај пред хотел. Најголем дел од ваквите активности на струшкото крајбрежје почнуваат да се случуваат во овој период од годината.

„Повредени лица нема, а пожарот беше изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга.Беше извршен увид и се работи на расчистување на настанот“, велат од СВР Охрид.

Најчесто се пали трска на потегот од Струга до селата Калишта и Радожда. Со години активистите бараат не само кривични пријави, туку и строги санкции за оние кои што се директни виновници за палењето на трски на струшкото крајбрежје. Апелираат државата да не дозволи понатамошна узурпација, за приватни цели. Од Општина Струга не одговорија што планираат да преземат за да го заштитат струшкото крајбрежје. Трските се природно поврзани со Охридското Езеро и се мнгу важни за опстанокот на многу животински видови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…