За Кличко давањето територии не е компромис
Украина не планира да отстапи територии на Русија. Ваков став изнесе градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Според него, давањето територии, не е компромис. Кличко изјави дека руската јавност на крајот ќе сфати дека, како што кажа, нивните млади војници гинат за ништо друго освен за амбициите на рускиот претседател Владимир Путин. Поранешниот боксерски шампион ова го изјави за Би-би-си за време на погребот на познатиот антикорупционер Роман Ратушни (24), кој е убиен во Изум, во областа Харков на 9 јуни.
Војната во Украина започна пред 116 дена. Руските сили продолжуваат да распоредуваат дополнителни сили за поддршка на офанзивните операции во областа Северодонецк-Лисичанск, а одбраната на Украина и понатаму е силна, според Британскиот институт за војна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…
600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…