Објавено на:

За некого смрт, за некого профит: Најголемите нафтени гиганти со рекорден профит од војната во Украина

t

Додека 2022 година предизвика тешкотии за многу луѓе ширум светот поради зголемената инфлација, војната во Украина и климатските катастрофи, за најголемите западни нафтени и гасни компании тоа беше година на невиден бум и рекорден раст на профитот.

Само петте најважни корпорации од индустријата за фосилни горива имаат заработено повеќе од 200 милијарди долари.

Во парадата на годишните резултати објавени изминатата недела, големата петорка – Econ, Chevron, Shell, BP и Total Energy – сите открија дека минатата година била најпрофитабилната во нивната деловна историја, бидејќи ги зголемиле трошоците за нафта и гас, што било предизвикано делумно со нападот на Русија врз Украина, придонесоа приходите да добијат „турбо полнење“.

„Ексон“, нафтениот гигант од Тексас, води со рекордни 55,7 милијарди долари годишен профит. Оваа американска компанија во текот на минатата година заработувала по околу 6,3 милиони долари секој час.

Калифорнискиот „Шеврон“ имаше рекорден профит од 36,5 милијарди долари, додека „Шел“ ги забележа најдобрите резултати во својата 115-годишна историја, суфицит од 39,9 милијарди долари.

Бритиш петролеум со седиште во Лондон оствари добивка од 27,7 милијарди долари.

Рекорд имаше и француската компанија „Тотал енерџис“, со 36,2 милијарди долари, пишува „Гардијан“.

Кога ќе се соберат резултатите од 2022 година за сите јавно тргувани компании за нафта и гас, се очекува вкупниот профит да надмине 400 милијарди долари.

„Тоа е бројка што никогаш претходно не сме ја виделе, а е изградена врз грбот на работничките семејства кои биле жртви на алчноста на директорите на нафта и гас“, рече Клер Мозер, заменик извршен директор на американската група за застапување на климатските промени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…

600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…