За пензионерите 6%, за Тренчевска 78% зголемување на плата

t

За пензионерите 6%, за Тренчевска 78% зголемување на плата, реагираат од политичката партија Левица.

-Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, не пропушта прилика да ги потсети пензионерите дека им следува ново покачување од 6% на пензиите во септември, ниту пак штеди пофалби во однос на тоа дека ова е најголемо покачување на пензиите до сега.

Министерката, која што неодамна доби покачување на платата од рекордни 78%, тврди дека покачувањето од 6% на пензиите е доволно за пензионерите да можат да ги задоволат своите животни потреби?!

Апсурдно е, во услови кога Владата ги одмрзна цените и се очекува ново зголемување на основните прехрамбени продукти, а потрошувачката кошничка изнесува над 50.000 денари и се повеќе граѓани тонат во сиромаштија и не можат да ги задоволат ниту основните потреби, министерката Тренчевска ова ПОНИЖУВАЧКО покачување од 720 денари, да гоприкажува како успех на владината социјална политика!

Очигледно е дека ниту Тренчевска, ниту другите министри во оваа ненародна Влада, имаат чувство како е да се преживее месецот со 12.000 денари, колку што изнесува најниската пензија.

Потсетуваме дека согласно новата Методологија за усогласување на пензиите, пензионерите ќе добиваат зголемување на пензиите два пати годишно во март и септември. Зголемувањето ќе биде процентуално исто за сите, односно сите ќе добијат зголемување од 6,8 % – со што зголемувањето на пензијата ќе зависи од висината на самата пензија, каде повторно оние со најголеми пензии ќе добијат најголемо зголемување. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…

Две повозрасни лица биле физички нападнати на…

Тројца пензионери пукале во Делчево, полицијата им…

Тројца пензионери ќе заработат пријави откако биле…

Исплатата на пензиите продолжува редовно, пензионерите да…

Министерството за социјална политика, демографија и млади…

Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со…

„Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со…

ССМ: Бараме раст на платите веднаш!

На годишно ниво инфлацијата изнесува 4,5 проценти,…