За скопските општини денеска е неработен ден затоа што ВМРО-ДПМНЕ има митинг?
За скопските општини денеска е неработен ден затоа што ВМРО-ДПМНЕ има митинг?
Митингот на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Охрид веројатно е поважен од граѓаните на неколку скопски, а можеби и останати општини низ Македонија, кои денеска добиле неработен ден од градоначалниците за да одат на партиски настан?
Граѓани кои отишле во Општина Бутел се пожалија дека општината била практично празна, бидејќи, како што слушнале, сите вработени заминале на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
На веб-страницата на Општина Бутел е оставен контакт телефон, на кој се јавивме, но никој не ни одговори. Ѕвоневме и во другите скопски општини, но не се јави никој…
Никој не се јави ниту во Општина Гази Баба, иако ѕвоневме во работно време.
Овие две општини ги посочија граѓаните, иако не е исклучена можноста во цела Македонија да се случува истото, бидејќи партијата често се става пред државата. Градоначалниците должат објаснување дали за да го наполнат митингот на партијата ги оставија граѓаните без служби, а ситуацијава треба да биде проверена и од ОЈО и од ДКСК. Доколку некој ги ангажирал вработените од службите за партиски активности, притоа тие не биле на работа, а земаат плата за тој ден, ова треба сериозно да се истражи и некој да одговара за тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…