За шест месеци во Албанија се запленети над 800 килограми дрога
Албанија и оваа година се претвори во „коридор“ во кој циркулираат десетици килограми дрога. Полицијата во различни операции запленила големи количини хероин, кокаин и марихуана, која е најупотребувана дрога, јавија албанските медиуми.
– Запленетата количина марихуана во првата половина од годинава се проценува на над 800 килограми, додека полицијата продолжува да работи на елиминирање на одгледувањето на канабисот. Уништени се повеќе од 100 илјади садници и стебла, што покажува дека војната со овој наркотик во Албанија се уште не е добиена, наведуваат медиумите.
Полицијата во различни акции запленила 62 килограми хероин, но во ниту една не можела да открие од каде е хероинот и да ја разбие целата мрежа која се занимава со трговија на големо или мало.
– Голема била и количината на запленет кокаин. Низ земјава полицијата заплени 11 килограми, од кои девет килограми само во Тирана, каде заедно со дистрибутерите беа погодени неколку криминални групи. Таргет на полицијата веќе е и синтетичката дрога која има смртоносни последици по здравјето, додаваат медиумите.
Посочуваат дека нова појава е трговијата со синтетичка дрога од странски туристи, главно на плажите, за сузбивање на која државната полиција презеде мерки и спроведе повеќе операции, во која се приведени нарко дилери и од Лондон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…
(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент
За време на денешната седница албанскиот парламент…
Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…
Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…
Еди Рама: Никој не може да ме…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…
(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…
Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…