Објавено на:

Звучи познато – Трамп: Наследив хаос оставен од Бајден

t

Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето до нацијата изјави дека наследил хаос во земјата од својот претходник, Џозеф Бајден, но дека постигнал повеќе отколку што некој можел да замисли.

„Пред единаесет месеци наследив хаос, а сега го чистам… По само една година, постигнавме повеќе отколку што некој можеше да замисли“, рече Трамп.

Тој ги истакна напорите на неговата администрација за запирање на протокот на нелегални имигранти, критикувајќи го Бајден за начинот на кој се справувал со границата. „Во изминатите седум месеци, на ниту еден нелегален странец не му е дозволен влез во нашата земја, подвиг за кој сите велеа дека е апсолутно невозможен“, рече Трамп.

Трамп, кој не ги спомена Украина или Венецуела за време на своето обраќање, нагласи дека во изминатата година успеал да стави крај на дури осум војни и дека економските политики на сегашната администрација ја извлекле Америка од работ на колапс.

„Ја враќаме нашата економија од работ на колапс. Претходната администрација и нивните сојузници во Конгресот ја ограбија нашата ризница од трилиони долари, зголемувајќи ги цените и сè друго на нивоа што не се видени досега. Ги намалувам тие високи цени и ги намалувам многу брзо“, рече американскиот лидер. Тој, исто така, најави исплата на бонуси на американските војници.

Трамп објави дека на крајот од оваа година, активните членови на американската војска ќе добијат еднократен бонус од 1.776 долари, таканаречена воена дивиденда. Овој бонус ќе им се даде на припадниците на копнените сили, маринците и воздухопловните сили на американската армија со чин полковник и понизок, како и на припадниците на морнарицата и крајбрежната стража со чин капетан или понизок, објави CBS News, наведувајќи дека вкупно околу 1,28 милиони активни воени лица и 174.000 резервисти ќе го добијат овој бонус. Соопштението на Белата куќа потврди дека вкупната цена на овие еднократни исплати ќе биде околу 2,6 милијарди долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…

Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…

„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…