Објавено на:

Зеленски: Ако САД вака се справуваат со диктатори, тогаш знаат што е следно

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги коментираше настаните во Венецуела, опишувајќи ги како тест за идните односи на САД со авторитарните лидери.

Иако не именуваше никого директно, Зеленски посочи дека истиот пристап може да се примени и во други ситуации, суптилно алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин.

Откако елитната американска воена единица Делта Форс го уапси венецуелскиот претседател Николас Мадуро, Зеленски ги коментираше случувањата во Венецуела на брифинг одржан по состанокот на советниците за национална безбедност на европските земји.

Одговарајќи на новинарско прашање, украинскиот претседател рече: „Па, што можам да кажам за Венецуела? Ако е можно да се справиме со такви диктатори, тогаш Соединетите Американски Држави знаат што да прават следно“.

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Соединетите Држави имаат намера привремено да го преземат управувањето со Венецуела. Целта, рече тој, е да се „обезбеди безбеден и уреден транзициски период“ по апсењето на Мадуро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на американското…

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на Военото…

Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…

Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

Маск го удвои ветувањето: Секое дете во…

Илон Маск, најбогатиот човек во светот, објави…

САД подготвуваат нови царини за најмалку 14…

САД се подготвуваат да објават нови царини…