Зеленски: Балканот да започне “курс за независност од Русија”
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика земјите од Европската унија и особено од Балканот да започнат „курс на независност од Русија“ во политиката, економијата и енергетиката, преку зајакнување на соработката. Во говорот на форумот 2BS, кој го организира Атлантската алијанса на Црна Гора, тој рече дека „сите европски земји мора да ги уништат сите руски мрежи на влијание“ за да се спречи, како што рече, „ширењето на дезинформации, корупција и криминална политика“.
„Тоа не е помалку важно за Балканот отколку за нашиот дел од Европа“, рече Зеленски, пренесе Танјуг. Во видео пораката на каналот Телеграм, тој рече дека за време на својот говор истакнал дека земјите од европскиот регион треба да ги зајакнат сојузите и соработката за да се ослободат од сите форми на зависност од Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…
Форбс: Во услови на рекордни загуби во…
Русија претрпе околу 1,4 милиони жртви на…