Објавено на:

Зеленски во Рамштајн со детали за „планот за победа“

t

На состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, што ќе се одржи на 12 октомври во Рамштајн, Германија, Украина ќе претстави „план за победа“, кој предвидува чекори за завршување на војната со Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Се подготвуваме за Рамштајн на 12 октомври. Ова ќе биде 25-ти состанок, но прв на лидерско ниво. Ќе претставиме победнички план, јасни, конкретни чекори за праведен крај на војната. Одлучноста на земјите партнери и јакнењето на Украина е тоа што може да ја спречи руската агресија – рече Зеленски на Телеграм.

Тој додаде дека на состанокот во Рамштајн земјите-партнери од украинската страна ќе ги добијат „сите детали, сите аргументи како да се обезбедат резултати во наредните месеци и на фронтот и со дипломатска активност“, пренесе Укринформ.

Украинската агенција наведува дека со состанокот во Рамштајн, на 12 октомври, ќе претседава американскиот претседател Џозеф Бајден

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…

Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…

Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…

Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…