Објавено на:

Зеленски го разреши командантот на Здружените сили по извештаите за големи загуби

t

По извештаите за големи загуби во украинските вооружени сили, претседателот Володимир Зеленски го смени генерал-полковник Јуриј Содол од неговата позиција како командант на Здружените сили на украинските вооружени сили.

На местото на Содол ќе дојде бригадниот генерал Андриј Гнатов, рече Зеленски во неговото вообичаено прекуноќно видео-обраќање емитувано донца во понеделникот вечерта во Киев. Претседателот не ги наведе причините за отказот.

Претседателскито кабинет во Киев ја објави одлуката на Зеленски за промена на персоналниот состав во командата во Здружените сили.

Меѓутоа, шефот на штабот на контроверзната неонацистички Баталјон Азов, Богдан Кротевич, претходно поднел пријава против Содол, пишуваат медиумите. Тој го обвини командантот за невнимателни наредби што довеле до големи жртви.

„Тој уби повеќе украински војници од кој и да е руски генерал“, напиша Кротевич на Facebook, без да конкретно да го именува Содол. Истовремено, тој побара генерал-полковникот да биде ставен под истрага за „можна соработка“ со Русија.

Според украинските медиуми, Кротевич барал разузнавањето Службата за безбедност на Украина (СБУ) да го истражи Содол со обвинувањето „за загубата на територии и животите на илјадници војници“. Слични обвинувања претходно упати и пратеничката Марјана Безугла.

Медиумите пишуваат и дека против Содол имало обвинувања, не само во Врховната Рада, парламентот во Киев, дека слабо ги подготвил украинските војници за мисии, на пример во воената област Харков, пограничната област со мнозинско руско и рускојазично население, каде што од почетокот на мај руските единици остварија опасен продор низ украинските одбранбени линии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина: 600.000 домаќинства се без струја по…

Најмалку 600.000 домаќинства во Украина останаа без…

Европската комисија го поткопува јазичниот „бетон“ –…

Статусот на македонскиот јазик во Европската Унија…

Мицкоски ѝ понуди на опозицијата да се…

Европската Унија останува стратешка цел на државата…

Недостигот на дизел може да продолжи и…

Намалената понуда на дизел на светскиот пазар…

Трифонов со навреди за Македонците за случајот…

„Северна Македонија издаде меѓународна потерница по Ива…