Објавено на:

Зеленски: Заробивме севернокорејски војници во регионот на Курск, ги испрашуваме во Киев

t

Украинските војници заробиле севернокорејски војници во Курскиот регион, во Русија, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Тоа се двајца војници кои, и покрај повредите, преживеаја. Тие беа пренесени во Киев и разговараат со истражителите на Службата за безбедност на Украина. Тоа не беше лесна задача: обично Русите и другите севернокорејски војници ги убиваат своите другари и прават се да спречат докази за учеството на друга држава – Северна Кореја – во војната против Украина, напиша Зеленски на Фејсбук.

Украинскиот лидер сподели и фотографии за кои тврди дека покажуваат заробени војници и нивните документи. Тој им се заблагодари на членовите на Тактичката група бр. 84 на Силите за специјални операции на вооружените сили на Украина и падобранците кои ги заробија овие војници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешен косовски министер уапсен во акција против…

Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…

Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…

Илон Маск се приклучи на сè погласните…

Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…

Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…

(Фото) Ја тепал во автомобил додека не…

Охридската полиција утрово привела 31-годишен маж по…

УАПСЕНИ 11 ВОЗАЧИ: Возеле пијани и без…

МВР соопшти дека 11 возачи се лишени…