Зеленски и Рама разговарале за заедничко производство на оружје

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој престојува во Тирана во рамки на Самитот за Украина, разговараше со тамошниот премиер Еди Рама за одбранбените потреби на Украина и можноста за заедничко производство на оружје.
Зеленски преку објава на социјалната мрежа „Х“ рече дека „Албанија од првите денови на окупацијата ја поддржува Украина и нивната борба за слобода и територијален интегритет“.

„За време на средбата со премиерот Еди Рам го потпишавме Договорот за пријателство и соработка меѓу Украина и Албанија. Овој документ ќе придонесе за развој на нашата соработка и зајакнување на позицијата на Украина во балканскиот регион. Денеска разговаравме и за одбранбените потреби на Украина и можноста за заедничко производство на оружје. Благодарение на владата и народот на Албанија, никогаш нема да го заборавиме топлиот однос на вашето општество кон Украинците“, напиша Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…

Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…