Зеленски и Фон дер Лајен разговарале за осми пакет санкции кон Русија

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека разговарал со претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен на голем број теми, меѓу кои и за воведување на осми пакет санкции кон Русија.

„Разговаравме за распоредување на следната транша од макрофинансиската помош на Европската Унија што е можно поскоро. Ја нагласивме потребата да се подготви осмиот пакет санкции против Русија, вклучително и забраната за издавање визи за руските граѓани“, напиша Зеленски на Твитер.

Тој додаде дека се координирал со Лајен за следните чекори за „ограничување на дополнителниот профит на Русија од продажбата на нафта и гас”, како и за забрзаниот процес за приклучување на Украина во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

ФАЦ: ЕУ има сериозни пропусти во одбраната…

Европската унија треба да биде „подготвена за…

Фон дер Лајен: Време е за Европска…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…

Европската унија треба да го забрза процесот…