Зеленски многу бара: Замрзнатите руски средства да се префрлат во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика сите замрзнати руски средства да бидат префрлени во неговата земја, каде се води војна по руската инвазија од пред речиси две години, јави ДПА.
Во своето синоќешно видео обраќање, тој рече дека е време „да се направи максимална системска штета на Русија. Ова особено важи за замрзнатите руски средства и на терористичката држава и на поединци поврзани со неа“.
– Треба да се заплени сè и да се искористи за заштита од терор, рече Зеленски.
Украина енергично работи со своите партнери за да го реши прашањето за руските средства, а украинскиот претседател рече дека разговарал за ова прашање со шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, кој вчера беше во Киев.
Во своето вечерно видео обраќање, Зеленски посочи дека Украина ќе и се одмазди на Русија за секоја ракета и секое беспилотно летало Шахед лансирани на нејзина територија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две руски ракети паднаа на територија на…
Додека илјадници европски војници во Полска ги…
Просечна плата од 88.787 денари во ИТ…
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…
Еден купувач е доволен за продажба на…
Со оглед на тоа што Народната банка…
Барале 100.000 евра, па запалиле „ренџ ровер“:…
Четворица турски државјани добија кривична пријава под…
Захарова ја поздрави одлуката на Србија да…
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…