Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД и Русија на самитот на Г20
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би можеле да се сретнат за време на самитот на Групата 20 најголеми светски економии (Г20), кој во декември ќе се одржи во Мајами. Сепак, Вашингтон и Москва сè уште не ја потврдиле средбата, а можни се и други места за нејзино одржување, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
На самитот на Г20, кој ги обединува најголемите светски економии, ќе присуствуваат и САД и Русија, додека Украина не е членка на оваа група.
„Средбата би можела да се одржи во САД за време на самитот на Г20, но Русија и САД сè уште не ја потврдиле. Таа би можела да се одржи и во некоја европска земја“, рече Зеленски.
Тој додаде дека средбата би можела да се одржи и во некоја од земјите на Блискиот Исток, наведувајќи дека САД во повеќе наврати ги споменале Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија како можни домаќини.
Зеленски изјави дека украинските преговарачи во петокот разговарале со американски претставници, но не изнесе дополнителни детали.
Тој оцени и дека Европа треба да има сопствен канал за разговори со Русија, со која односите се нарушени поради руската војна во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…
Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…