Зеленски најави нови напади на територијата на Русија

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев подготвува планови за нови напади на територијата на Руската Федерација. Неговите зборови ги пренесе Телеграм каналот на украинскиот весник „Страна.уа“, повикувајќи се на обраќањето на шефот на државата по тестирање нови домашни ракети.

Зеленски нагласи дека Украина располага со неопходни средства и инфраструктура за продолжување на офанзивните операции.

– Сите сили и ресурси се подготвени, се планираат нови дипломатски и воени напади, порача тој по состанокот со врховниот командант на вооружените сили на Украина (ВСУ), Александар Сирски.

Оваа најава доаѓа во време кога Киев интензивно работи на развој на домашната ракетна технологија, како и на обезбедување дополнителна воена и финансиска помош од западните сојузници. Украинските функционери сè почесто истакнуваат дека проширувањето на арсеналот е клучно за да се „врати војната во Русија“ и на тој начин да се зајакне преговарачката позиција на Киев. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: САД ги предупредија земјите од…

САД информираа неколку арапски земји од Персиски…

Се запалил бојлер во барака на „Стив…

Бојлер се запалил синоќа во една од…

УЖАС: Најмалку 46 загинати во судир на…

Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на…

Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма…

Недостиг од речиси осум тони сув цвет…

Дали изборот за шеф на ОЈО ГОКК…

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на…