Зеленски: Ослободивме 2000 квадратни километри за 10 дена
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видео-обраќање рече дека украинската армија ослободила повеќе од 2.000 квадратни километри окупирана територија од почетокот на контранападот овој месец.
– Во овој момент можам да потврдам дека благодарение на акциите на украинската армија од почетокот на септември се ослободени околу 2.000 квадратни километри од нашата територија, рече Зеленски.
Тој посебно им се заблагодари на единиците на украинската армија кои, како што рече, „се истакнале во регионот Харков” и на оние кои „ја вратиле целосната контрола над градот Балаклија”.
Русија претходно најави повлекување на своите сили од регионот. Зеленски го нарече бегството на руската армија добра одлука.
– За окупаторите нема и нема да има место во Украина, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…
Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…
Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…