Зеленски остро кон Западот: „Путин се смее, го гледаме изворот на деловите за руските
По уште еден голем руски напад врз Украина во неделата, користејќи дронови, бомби и ракети, претседателот Володимир Зеленски ја критикуваше „недостаточната и слаба реакција“ на Западот.
„За жал, нема соодветен и одлучен одговор од светот за сето она што се случува“, истакна Зеленски во своето дневно видео обраќање, подвлекувајќи го обемот и смелоста на нападите. „Токму затоа Путин го прави тоа: едноставно се смее на Западот, на неговото молчење и недостигот на решителни мерки.“
Зеленски додаде дека Москва до сега ги одбила сите предлози за запирање на војната или намалување на нападите. „Русија отворено се обидува да ја уништи цивилната инфраструктура, а сега, пред зимата, ги таргетира гасната инфраструктура, производството и преносот на електрична енергија.“
Рускиот напад во текот на ноќта вклучуваше 53 ракети и неколку бранови дронови, при што загинаа пет лица, а 18 беа ранети. Зеленски посочи дека руските дронови содржеле компоненти „добиени од западни земји и од неколку соседни земји на Русија“. Тој изрази зачуденост што, дури и по повеќе од три и пол години војна, сè уште не е јасно како да се запре снабдувањето со овие критични делови. „Приближно 500 дронови што Русите ги користеле преку ноќ содржат повеќе од 100.000 компоненти произведени во странство“, посочи Зеленски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…
Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…
(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…
На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…
Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…
Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…
Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…
Запрен романски камион во возната лента можеби…